fbpx

Женева 2018: Kонцептот Škoda Vision X визија за нов кросовер

Škoda ги објави првите скици на новиот концептен модел кој ќе биде претставен на салонот за автомобили во Женева на почетокот од следниот месец

Студијата се вика Vision X и ќе претходи на идниот сериски кросовер на чешкиот бренд, кој веројатно ќе го видиме следната година.

Градскиот кросовер ќе ги споделува заедничките технологии со Ibica Arona, најновото остварување на SEAT, како очекуваната нова изведба на T-Cross од Volkswagen. Кросоверот ќе добие хибриден погон, но засега компанијата не открива детали за тоа. Vision X има 20-инчни тркала и панорамски покрив.

Vision X

Ентериерот содржи комбинација од забавни и квалитетни материјали, дури има и декоративни елементи од кристал. Сериската верзија на Vision X ќе стане трет кросовер на брендот по Karoq и Kodiaq. Чесите почнуваат активно да развиваат електрични автомобили и хибридни технологии, со цел во 2025 година, секој четврти модел на брендот да биде „спакуван“ со ваков погон.

Vision X

Првиот електричен концепт на компанијата од Млада Болеслав, Vision Е, се одржа минатата година на Шангајскиот саем за автомобили. Тоа беше кросовер со два електрични мотори со вкупна моќност од 255 kW (306 КС). Со одредени модификации ваква нова студија ќе видиме и во Женева. Во срцето на Visison E е MEB платформата на концернот, специјално дизајнирана за електрични возила.

Поврзани вести

Back to top button