Женева 2018: VW I.D. Vizzion ја навести иднината на германскиот бренд
Volkswagen ги објави првите фотографии и информации на новиот концептен автомобил кој ќе биде прикажан на салонот за автомобили во Женева на почетокот од следниот месец
![VW I.D. Vizzion](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2018/02/Volkswagen-1600-1-2-780x405.jpg)
VW I.D. Vizzion има за цел да ја покаже насоката во која ќе се развива автомобилскиот гигант, како на полето на дизајнот, конструкцијата и технологии. Автомобилот е целосно автономен и нема управувач и педали.
Патниците ја поставуваат дестинацијата со гестови и гласовни команди. Со 111kWh батерија се напојуваат два електрични мотори, чија системска моќ е 302 коњски сили. Максималната брзина е 180 km/h, а со едно полнење на батеријата автомобилот може да мине над 600 километри.
Vizzion е четвртиот концепт на серијата I.D, која веќе го вклучува стандардот I.D., I.D. Buzz и I.D. Cross. Се очекува сите тие да се претворат во сериски модели, а најверојатно слична ќе биде судбината и на оваа најнова студија.