fbpx

Новиот VW Touareg со деби на 23-ти март

Сите претходни најави дека следната генерација Volkswagen Touareg ќе го направи своето деби во април, биле неточни, германската марка потврди дека официјалната премиера на SUV изданието ќе биде на 23 март

Кон оваа објава од Volkswagen додаваат и две скици на SUV моделот, кои покажуваат дека дизајнот ќе биде под влијание на концептот T-Prime Concept GTE кој го видовме минатата година. Со оглед на начинот на кој Arteon се претвори од концепт во модел, исто така можеме да очекуваме прилично привлечен изглед од новиот голем SUV, Volkswagen Touareg.

Машината ќе биде базирана на платформата MLB Evo, која вклучува повеќе луксузни возила како што се Bentley Bentayga и Audi Q7. Предвидено е мало зголемување на димензиите за подобро да се разликува од Allspace и најавува многу помала тежина во споредба со претходникот.

Touareg

Во следниот Touareg ќе бидат достапни бензински и дизел мотори со капацитет од 2.0 и 3.0 литри.

Сите ќе користат турбо полнење. Најверојатно, моќната верзија R, која е можно да има V6 или 2.5-литарскиот 5-цилиндерски агрегат, преземен од Audi, пристигнува подоцна.

Поврзани вести

Back to top button