fbpx

Женева 2019: Audi со нов електричен концепт

Audi ги објави првичните информации и скици на новото, целосно електрично возило кое ќе биде претставено во светот за време на Меѓународниот саем за автомобили во Женева на почетокот од следниот месец

Не е изненадување, Audi најавува дека новиот Q4 е следниот електричен модел кој ќе биде означено како e-tron. Од цртежите кои ги објавија се гледа упадлива предна маска, конвенционални ретровизори како и осветлен e-tron натпис на предниот браник. Новиот член ќе има Matrix LED предни светла како и дигитална инструмент табла.

Audi

Технички информации не се соопштени, но да напоменеме дека претходно претставениот Audi e-tron има два електромотора со 265 kW/360KS и 560 Nm, автономија од 400 km, батерија од 95 kWh и погон на сите четири тркала. Објавен како компактен SUV модел, Q4 e-tron ќе биде пуштен во производство на крајот на следната или почетокот на 2021 година.

Audi

Поврзани вести

Back to top button