fbpx

Женева 2018: BENTLEY BENTAYGA веќе како хибрид

BENTLEY ја откри новата верзија на својот SUV модел BENTAYGA, која добива хибриден погонски систем, со кој може да мине до 50 километри на чист електричен режим

BENTLEY BENTAYGA HYBRID доаѓа со специјално развиен систем за полнење Power Dock со дизајн на Philippe Starck, кој ветува можност за дополнување на интегрираната во автомобилот батерија, за 2,5 часа (7,5 часа од домашна електрична инсталација). Во комбинација со 3.0 литарскиот бензински V6 мотор, новата модификација на SUV моделот станува најекономичниот предлог во целата историја на легендарната марка.

BENTLEY BENTAYGA HYBRID
BENTLEY BENTAYGA
BENTLEY BENTAYGA
BENTLEY BENTAYGA

BENTAYGA HYBRID која сеуште не е достапна за нарачка, ќе им се понуди на клиенти само на некои пазари во втората половина на оваа година.

Како резултат на интеграцијата на хибридниот погонски систем, моделот ќе понуди можност на возачот да избере помеѓу три режими на работа, преработени системи, како и нови функционалности, како далечинска контрола на дополнувањето на батеријата, далечинско стартување на климатизацијата, добивање на информации за моменталната состојба на хибридниот систем и друго. Во опремата на BENTLEY BENTAYGA HYBRID ќе се најдат адаптивен круз контрол, систем за препознавање на сообраќајните знаци, систем за видео надзор околу целото возило, паркинг асистент, Electronic Night Vision и друго.

Поврзани вести

Back to top button