fbpx

Женева 2018: FORD со Mustang Bullitt за Европа

Главниот фокус на штандот на Ford на годинешнава mеѓународна изложба во Женева е нa премиерите на новите Mustang Bullitt, Edge и KA+ Active, а секако посебно внимание предизвикува легендарното издание од...

Автомобилот е создаден во чест на 50-годишнината на легендарниот филм Bullitt, во кој е онаа незаборавна десетминутна сцена со гонење по улиците на Сан Франциско. Имаше своја премиера на салонот во Детроит, со американското издание, а во Женева на публиката и се претставува изведбата за Стариот континент, која има одредени модификации.

Новиот Mustang Bullitt, кој ќе биде лансиран во Европа во јуни оваа година, доаѓа со пет литарски V8 мотор со максимална моќност од 464 коњски сили.

Mustang Bullitt, кој во можност да развие максимална брзина од 260 km/h есо класичната Dark Highland Green надворешна боја, стилски хромирани апликации, 12-инчен LCD инструментален блок дисплеј, седишта RECARO со кожен тапацир и уникатен зелен колорит, бела топка на рачката на менувачот, издувен систем со активна контрола на звукот и многу повеќе.

1 | Mustang Bullitt
2 | Mustang Bullitt
3 | Mustang Bullitt
4 | Mustang Bullitt

    Поврзани вести

    Back to top button