НАСЛОВНАСАЕМИ

Женева 2018: Kia го менува името на Cee`d

Корејската компанија Kia ја покажа првата скица на новата генерација на компактниот Cee`d

Третата генерација на популарниот модел ќе биде достапна во неколку различни модификации, добива ново име, како и нови мотори и технологии. Досега, автомобилот познат како Cee`d, во иднина ќе биде Ceed (без оној апостроф). Компанијата вели дека ова не е веќе случајно избрано име, туку претставува кратенка Community of Europe with European Design (Европско здружение со европепски дизајн). И новиот Ceed ќе се произведува во фабриката Kia во Словачка, при што компанијата ветува нови мотори и технологии.

Европскиот дизајн центар на брендот, кој се наоѓа во Франкфурт, беше вклучен во развојот на моделот и се потпишува под новиот стил на компактното остварување. Познато е дека новата генерација на моделот ќе биде презентирана на салонот во Женева во март. Таму, покрај хечбекот, Kia ќе покаже и друга верзија, нов модел. За што станува збор, засега е тајна.

Kia

Според неофицијални податоци, новиот Kia Ceed ќе биде достапен и како лифтбек, заменувајќи го изданието со 3 врати кое досега се нудеше како Рro_Cee’d, караван, а се очекува и крос-верзија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close