НАСЛОВНАСАЕМИ

Женева 2018: Lamborghini со мек покрив на супербрзиот Huracan

Lamborghini покажува на автосалонот Женева 2018 отворена верзија на екстремниот суперавтомобил Huracan Performance

Автомобилот доби додаток Spyder во името и ќе се појави во продажба на Стариот континент уште ова лето, со почетна цена од 308.859 долари. Суперавтомобилот поседува 5.2-литарски бензински мотор со девет цилиндри. Моќта на единицата е 640 КС и 600 Nm вртежен момент. До првата „стотка” машината е способна да забрза за 3,1, а до 200 km/h тоа трае 9,3 секунди.

1 | Huracan
2 | Huracan
3 | Huracan
4 | Huracan
    Lamborghini Huracan

    Дизајнот на автомобилот практично ја повторува купе верзијата. Главната модификација е мекиот покрив кој може да се склопи за 17 секунди при брзини до 50 km/h. Поради промените во конструкцијата масата на родстерот е зголемена до 125 килограми, односно сега изнесува 1.507 kg. Дистрибуцијата на тежината е 43:57 во корист на задната оска.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close