fbpx

Женева 2018: Volvo V60 дебитира следната недела

Volvo ќе го претстави обновениот V60 следната среда, а во моментов шведскиот бренд ни сугерира што може да очекуваме од моделот

Од тизерот може да се види дека дизајнерите на Volvo V60 користеле елементи и стил, кои веќе ги видовме во втората генерација на популарниот XC60. Се уште нема информации за техничките податоци на V60, но речиси е сигурно дека моделот ќе биде лансиран со палета од 4-цилиндерски мотори и ќе има plug-in хибридна верзија со моќност од околу 400 коњски сили.

Новиот V60 ја користи SPA-платформата која веќе се појави на XC60 и поголемиот V90. Премиерата е во следната среда, во седиштето на Volvo, а ќе се емитува на живо на интернет, а потоа моделот ќе биде претставен и на автомобилскиот салон во Женева во март.

Volvo V60
1 | Volvo V60
2 | Volvo V60
3 | Volvo V60

    Поврзани вести

    Back to top button