fbpx

Женева 2019: BMW со неколку нови модели

На својот подиум на овогодинешниот саем во Женева, BMW ќе претстави неколку нови актуелни модели, меѓу кои се наоѓаат новата 7 серија и X5 xDrive45e

Годинава во Женева, баварците ќе се пофалат со неколку нови модели, а прв на оваа листа се наоѓа новата 7 серија, заедно со своите plug-in и хибридни изведби. Исто така, на листата се и  330е, X5 xDrive45e и инзвонредниот M850i Night Sky.

Главниот фокус секако ќе се најде на новите членови на гамата на овој производител, но сепак BMW ќе разговара и за проширување на своите енергетски сервиси, со желба да го прошират својот домен како снабдувачи за електрична мобилност и да им обезбедат на своите потрошувачи и нивните автомобили бесплатна „зелена енергија“.

BMW

Кај новата 7 серија, трите нови електрифицирани верзии – 745e, 745Le, 745Le xDrive, ќе бидат напојувани од истата хибридна единица, која испорачува моќност од 388 коњски сили и притоа нуди забзување од 0 до 100 километри на час за време од 5,1 до 5,3 секунди. Електричниот опсег изнесува од 54 до 58 километри кај 745e, 52 до 55 километри кај 745Le и 50 до 54 километри кај 745Le xDrive.

Новиот седан 330e ќе биде напојуван од четири-цилиндарски мотор и електрична единица со најновата литиум-јонска батерија. Нивната комбинирана моќност ќе изнесува 248 коњски сили, а со помош на стандардната XtraBoost функција оваа моќност ќе може краткотрајно да се зголеми за дополнителни 40 коњски сили. Новиот 330e ќе забрзува од 0 до 100 километри на час за 6 секунди, при што ќе има максимален електричен опсег од 60 километри.

BMW 745e

BMW

Моделот што се очекува да привлече најголемо внимание кај BMW фановите, ќе биде дел од ограничената серија на новата 8 серија Coupe. Наречен “Ноќно небо”, овој инзвонреден M850i има вистинска метеоритна карпа во трим плочата на својата централна конзола, старт-стоп копче, рачка на менувачот, контролор на допир и финиши на праговите на вратите.

Саемот во Женева ќе започне од 5ти до 6ти март за членови на медиумите, а пошироката јавност ќе може да го посети од 7ми до 17ти март.

Поврзани вести

Back to top button