fbpx

Женева 2019: Subaru ќе ги претстави своите први електрифицирани модели за Европа

Европската поделба на Subaru објави дека на 89-то Меѓународно Женевско шоу ќе биде претставена европската премиера на два електрични модели на компанијата.

Двата модели на Subaru со e-BOXER погонот ќе бидат претставени на прес-конференцијата на 5 март во 10:45 часот. Подетални информации за автомобилите нема, а исто така не се знаат ни имињата на преставниците кои треба да ги видиме.

Subaru, исто така, ќе ја претстави и најновата верзија на Levorg со реновиран дизајн, опремен со дволитарски атмосферски BOXER мотор.

Поврзани вести

Back to top button