fbpx

Женева 2019: Новиот градски SUV на Škoda ќе се вика Kamiq

Škoda објави дека името на целосно новиот модел на брендот, кој ќе биде претставен официјално за време на меѓународниот саем во Женева на почетокот на март, ќе се вика Kamiq.

Од Škoda го позиционираат Kamiq како урбан кросовер, кој ќе биде идеално решение за секојдневна мобилност во градскиот режим. Skoda Kamiq е модел кој ќе ја прошири и збогати SUV гамата на брендот, следејќи го успешниот пат на Kodiaq и Karoq. Автомобилот ќе предложи традиционално високи оцени во квалитетот на SUV моделите, како и висока позиција на седење, подобра прегледност, како и голем број на нови системи за поддршка на управувањето. Дополнително на тоа се најавуваат и нови внатрешни решенија од семејството Simply Clever на брендот.

Автомобилскиот салон во Женева традиционално се одржува во март месец, а до тогаш се надеваме на повеќе рендери од моделот или пак некоја шпиунска фотографија, која ќе ни даде слика како треба да изгледа новитетот на Škoda.

Поврзани вести

Back to top button