Златно Тркало 2022 – Објавена финалната листа на учесници
Националниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија - „Златно тркало“, влегува во своето трето издание, а во прилог следуваат финалистите за 2022 година
„Златно тркало“ се враќа на сцената за 2022 и продолжува со поставувањето на трендови, прераснувајќи во успешна традиција на македонската автомобилска сцена. Националниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија, во кој јавноста го избира својот фаворит и миленик на четири тркала, влезе во своето трето издание. Во конкуренција влегуваат возила кои пристигнаа или ќе пристигнат на македонскиот пазар непосредно пред почетокот на гласањето.
По објавувањето на листата на новитети на македонскиот пазар од страна на Авто Плус и останатите организатори, официјалните импортери ги номинираа своите фаворити во секоја од категориите на „Златно тркало“. Оваа година ќе имаме 15 автомобили кои ќе бидат поделени во пет категории, а новина е тоа што за првпат ќе се избира и Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија.
Тука секако се и категориите за Најпосакуван Градски Автомобил, Најпосакуван Семеен Автомобил, Најпосакуван Електрифициран Автомобил и Главната Награда Најпосакуван Автомобил во Македонија. Како и во претходните две години, така и овојпат, во следниот период ќе ги споделиме нашите искуства и мислења за секој од нив. Некои веќе ги имавме на тест, а со некои допрва ќе имаме можност за дружба.
Секако, и оваа година организатор на настанот е Авто Плус, заедно со CarClub, CarsByVik и RPM.mk. Листата е оформена, гласањето започнува наскоро и ќе се одвива на централниот сајт на „Златно тркало“. Следете не за повеќе информации.
Најпосакуван градски автомобил
Peugeot 308
Toyota Yaris Cross
Opel Mokka
Renault Megane Conquest
Dacia Duster FL
Toyota Highlander
SsangYong Rexton FL
Suzuki S Cross
Kia Sportage
Најпосакуван електрифициран автомобил
Porsche Taycan Cross Turismo
Volkswagen iD4
Peugeot 308 PHEV
Opel Mokka-e
Најпосакуван премиум автомобил во Македонија
Audi A3
Audi Q5 Sportback
Porsche Taycan Cross Turismo
Најпосакуван автомобил во Македонија
Peugeot 308
Opel Mokka
Nissan Qashqai
Dacia Duster FL
Kia Sportage
Suzuki S Cross
Volkswagen iD4