2020 Škoda Octavia – чешкиот бестселер доби четврта генерација

Сега уште потехнолошки поткрепен, со зголемена практичност и динамичност, популарниот седан на Škoda зафатен и од електрификацискиот бран

На специјален настан во Прага, чешката компанија официјално го претстави новото продолжение на својот најпродаван модел Octavia. Заснована на MQB платформата на Групацијата Volkswagen, седанот ветува уште подобра динамика на возење опфатена во уште попрактичен и попривлечен стил на каросерија. Моделот отсекогаш бил најпростран компактен автомобил, а четвртата генерација се подобри во сите главни аспекти.

Со должина од 4.689 mm, Octavia liftback е 19 mm подолга од својот претходник, додека пак Combi изведбата 22 mm подолга. Со меѓуоскино растојание е 2.690 mm, автомобилот е директно позициониран во компактната класа. Неговата ширина е зголемена за 15 mm и кај двете изведби, а волуменот на багажникот е најголем во компактната класа, односно 600 литри кај Octavia liftback и 640 литри кај караванската верзија.

1.Škoda Octavia | Octavia
2.Škoda Octavia | Octavia
3.Škoda Octavia | Octavia

    Во поглед на дизајнот, најголеми промени кај надворешноста има претрпено предниот дел на автомобилот, каде досегашниот стил со поделени фарови е целосно заменет со нов и поелегантен пристап. Новата Octavia исто така може да се пофали и со нови решетки, браници, поизразени линии што се движат по нејзината должина, тенки задни светлосни уреди и натписот Škoda на багажната врата. Поголема Scala или помал Superb?

    Движејќи се кон внатрешноста, она што прво се забележува е дека Škoda кај новата Octavia се одлучила за пореволуционерен пристап, карактеристичен кај моделите на Групацијата Volkswagen. Централната табла е слична со онаа кај VW Golf 8, па така вклучува централно поставен инфозабавен систем и под кој се наоѓаат вентилациски отвори. Управувачот е исто така ревидиран, со нов дизајн со два краци, а зад него се наоѓа дигитален инструмент кластер и head-up дисплеј.

    Централната конзола исто така е редизајнирана и остава повеќе простор пред рачката на менувачот дури и за најголемите паметни телефони. Внатрешноста е надополнета со амбиентално осветлување во повеќе бои, кое придонесува за младешки и модерен дизајн.

    1.Škoda Octavia | Octavia
    2.Škoda Octavia | Octavia
    3.Škoda Octavia | Octavia

      Новата Octavia добива и збогатување на погонската листа, каде покрај конвенционалните мотори, достапни се и „зелените“ единици. Од бензинските мотори, понудени се 1,0 TSI со 110 КС и 200 Nm, 1,5 TSI со 150 КС и 250 Nm, кои можат да доаѓаат и со благ хибриден систем, при што моќноста им останува непроменета. Како најмоќна варијанта, бар засега дур не излезе Octavia RS, e 2,0 литарскиот TSI, кој на седанот му обезбедува моќност од 190 КС и 320 Nm, а споен е со седум-степен DSG и погон на четири тркала.

      Дизел изведбите се составени од 2,0 TDI со 200 КС и 400 Nm и 160 КС и 340 Nm, достапни со шест-степен рачен или седум-степен автоматски менувач. Изборот на AWD систем, го зголемува вртежниот момент за 20 Nm и кај двете изведби на мотори.

      На „зелената“ страна, наречена Octavia iV, е plug-in хибридната варијанта, погонувана од 1,4 литарски бензински мотор со електрична единица, кои обезбедуваат комбиниран излез од 204 КС и 350 Nm вртежен момент, поврзани со шест-степен DSG менувач. Батеријата од 13 kWh му дава електричен возен опсег до 55 километри, според тест циклусот на WTLP. Тука се наоѓа и CNG варијантата, која е изведена со 1,5 литарскиот TSI, со моќност од 130 КС и 200 Nm вртежен момент.

      Прв на пазарот ќе се појави Octavia Combi, проследен со liftback варијантата за неколку недели. Škoda исто така ги потврди моделите RS и Scout за 2020 година.

      Клучни зборови

      Поврзани вести

      Back to top button
      Close