Ferrari го претстави SF71H
Ferrari го претстави во Маранело својот нов болид за сезоната 2018 во F1 - SF71H
Според зборовите на креаторите, новиот болид е еволуција на оној од минатата година, но нема да ги наследи и неговите проблеми.
Минатата година Себастијан Фетел победи во пет трки и до средината на сезоната беше најсериозен кандидат за титулата, но потоа како се да застана, а главната слабост на болидот на Италијанците беше дека не беше доволно добар за брзите патеки.
Шефот на тимот, Маурицио Аривабане, рече дека надежите на тимот се подобри перформанси оваа сезона и учество во битка за тронот, кој во Маранело долго се очекува.Техничкиот шеф, Матиа Биното, пак прецизира дека SF71H е еволуција на SF70H, а тоа важи и за развојот на моторот и хибридните системи и не криеше дека тимот донел некои похрабри решенија во однос на развојот на аеродинамиката. Сепак, најмногу напори се вложени за подобрување на сигурноста на моторите, бидејки оваа година пилотите имаат право да заменат само три за целата сезона.