BMW Group и Great Wall Motor ќе соработуваат во Кина
BMW Group објави дека потпишала писмо со намери со кинескиот гигант Great Wall Motor, демонстрирајќи ја својата посветеност на локалниот пазар, особено во областа на електрификација на својот бренд MINI
BMW Group објасни дека компанијата е во напредна фаза за забрзување на глобалниот успех на својот бренд MINI, па со овој потфат кој ќе биде поставен во Кина, главна задача ќе биде да започне локално производство на идните електрични модели. Следните чекори во иницијативата ќе бидат избор на локација за производство и специфични инвестиции.
Заедно со новата соработка, BMW Group ќе продолжи да го развива својот потфат со BMW Brilliance Automotive (BBA), кој е партнер со Brilliance.
Во изминатата година, брендот BMW објави дека во Кина пласирал околу 560.000 возила, двапати повеќе од двата други големи брендови на пазарот- САД и Германија. Продажбата на MINI во Кина во 2017 година изнесувала околу 35.000 единици.