Женева 2018: Европско деби за Polestar1
На автосалонот во Женева, Polestar, новиот бренд за електрични возила, ќе направи европска премиера и јавно деби на својот прв автомобил Polestar 1
Станува збор за автомобил со купеовска форма, сличен на Bentley Continental GT или BMW 8, но со иновативни моќни погони- хибрид со четирицилиндерски турбо мотор напред и два електромотори позади. Оваа шема ви овозможува добиете вкупна моќност од 600 КС и вртежен момент од 1000 Nm.
Од Polestar коментираат дека ова е вистински спортски автомобил, а не само GT-Cruiser, иако генералниот директор Томас Ингенлат не очекува однесување како моделите на Lotus на патеката, кој заедно со Volvo Cars во моментот се дел од кинескиот холдинг Geely.
Polestar 1
Polestar е во процес на одвојување од Volvo Cars како специјализиран бренд за електрични автомобили. И овој процес вклучува создавање на свој центар во Шведска. Новиот објект е веќе во градба, во Торсленд, во близина на фабриката на Volvo. Сепак, тоа е далеку од фабриката во Кина, каде што Polestar ќе произведува сопствени возила.