Лансираниот кон Марс Tesla Roadster е опасен
Електромобилот Tesla Roadster, кој компанијата на Илон Маск - Space X, го лансираше кон Марс може да го загрози животот на Црвената планета ако евентуално се најде на истата, предупредуваат американските научници, цитирани во Daily Mail
Според специјалисти од Универзитетот Пердју, ако на Марс постои биолошки живот, се ризикува тој да се измеша со организми од Земјата. Тоа е сосема можно при судир на ракетата Falcon Heavy со Црвената планета, бидејки возилото на Маск не помина низ потребната санитарна обработка и е потенцијално опасно.
Во соопштението на Универзитетот се вели дека NASA добро ја сфаќа опасноста од навлегување на бактерии од Земјата на други планети и поради оваа причина сите вселенски летала поминуваат низ обработка и се доведуваат во стерилна состојба. Но, возилото на Маск не помина низ слична постапка, па е мошне опасно за ако има жив свет на Марс.