Paramount снима филм за Пол Вокер
Филмското студио Paramount ќе продуцира документарец за ѕвездата од „Брзи и бесни", Пол Вокер, објави Slash Film
За режисер на филмот со наслов I Am Paul Walker, е избран Адријан Блитенхаис, познат со биографскиот кино-разказ за Хит Леџер.
Филмот ќе го следи животот на актерот во и надвор од Холивуд. Вокер беше активен борец за зачувување на еколошкото богатство на светските океани и помогна многу за обновата на Хаити по катастрофалниот земјотрес во 2010 година. Пол Вокер загина трагично во 2013 година во сообраќајна несреќа со Porsche Carrera GT, управуван од неговиот пријател Роџер Родас. Недовршените сцени со херојот Брајан О’Конор од „Брзи и бесни 7“ беа снимени со неговите браќата Кејлаб и Коди.
https://www.youtube.com/watch?v=ndbvio9lO8I