Aston Martin DB12 Goldfinger – Модел во чест на култниот Bond филм
Aston Martin ја прославува 60-годишнината од филмот James Bond - Goldfinger со ексклузивно специјално издание на DB12
Во чест на 60-годишнината од легендарниот филм Goldfinger, Aston Martin ја претстави специјалната верзија DB12 Goldfinger, инспирирана од првиот Aston Martin автомобил во историјата на James Bond филмовите. Оваа ексклузивна изведба ги содржи препознатливите карактеристики од филмот, за да понуди суптилно но луксузно искуство во возењето.
Кога станува збор за надворешноста, DB12 Goldfinger доаѓа во Silver Birch боја, исто како и автомобилот на Bond, опремен со уникатни 21-инчни тркала и црни кочни клешти, како и златни акценти на страните и посебни Q беџови. Aston Martin логото е изведено во сребрена и црна комбинација, дополнувајќи ја ексклузивноста на ова издание.
Внатрешноста го носи препознатливиот стил на DB5, со кожни седишта украсени со детални „Prince of Wales“ шари и уникатен перфориран дизајн кој се наоѓа и на кровот, вратите и праговите. Овде се истакнуваат и 18-каратни златни акценти и специјален менувач инспириран од златниот уред за следење од филмот. Деталите вклучуваат карбон со златни метални елементи, и персонализирана картичка со симболот „осумка срце“ на сончевиот штитник, која е референца инспирирана од култната филмска сцена која се одвива во Мајами.
Производството е ограничено на 60 примероци и секој сопственик добива ексклузивни подароци: специјална покривка за автомобил, кутија за клуч, Silver Birch Speedform модел, и дел од сцената на Furka Pass на 35мм филм. Дополнителни подароци вклучуваат и магнум од шампањ Bollinger 2007 со четири уникатни чаши Bollinger 007, и прилагоден куфер со дизајн инспириран од Goldfinger.
Под хаубата, Aston Martin DB12 Goldfinger доаѓа со 4,0-литарски V8 мотор со 680 коњски сили, овозможувајќи забрзување од 0-100 км/ч за 3.6 секунди и максимална брзина од 325 км/ч. Со оваа специјална едиција, Aston Martin ги слави шесте децении од познатото партнерство со Bond, овозможувајќи вистински луксуз за сите љубители на Bond низ светот.