Познати финалисти за Светскиот автомобил на годината за 2018
Само два дена по промовирањето на Volvo XC40 во победник на европскиот конкурс за Автомобил на годината за 2018, познати се и моделите кои ќе се борат за титулата во рангирањето за Светски автомобил
Жирито од 82 автомобилски новинари избра три финалисти од вкупно 10 кандидати кои стигнаа до оваа фаза од трката. Значи, за престижната награда, конкурираат Mazda CX-5, Range Rover Velar и Volvo XC60. Во класата „градски автомобил” за титулата претендираат Ford Fiesta, Sizuki Swift и Volkswagen Polo, а кај „луксузните автомобили” до финалето стигнаа Audi A8, Porsche Cayenne и Porsche Panamera.
За признанието „спортски автомобил на годината” ќе се тркаат BMW M5, Honda Civic Type R и Lexus LC500, а за „зелен автомобил” во игра останаа BMW 530e iPerformance, Chrysler Pacifica Hybrid и Nissan Leaf. Наградата „најдобар дизајн во 2018 година” ќе отиде кај едно од овие остварувања: Lexus LC 500, Range Rover Velar и Volvo XC60. Победникот ќе биде објавен на Салонот за автомобили во Њујорк во април.