fbpx

BMW го потврди својот трет електричен модел

BMW го потврдува развојот на трет електричен модел кој ќе се приклучи на i3 и i8

Како што потенцираат од компанијата тој ќе биде креиран врз основа на iVision Dynamics Concept, презентиран на салонот за автомобили во Женева.

Новиот електричен автомобил на Баварците ќе се вика i4 и ќе биде произведен во фабриката во Минхен. Компанијата не ги открива своите технички карактеристики, само се знае дека со едно полнење прототипот патувал 600 километри. Неговата максимална брзина е 200 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 4 секунди. Концептот BMW iVision Dynamics нема класична маска на ладилникот и поради тоа изгледа сосема поинаку и се разбира пофункционално.

iVision DynamicsПоголемиот дел од елементите на предниот дел служат како сет на сензори , но сепак го истакнуваат стилот на брендот на компанијата.

Плановите на баварскиот производител предвидуваат дека до 2025 година на пазарот ќе бидат пласирани 25 нови модели на електрична енергија – 12 електрични и 13 plug-in хибриди. Најопремен во гамата ќе биде автомобилот со 3 електромотори со вкупна моќност над 800 КС.

Поврзани вести

Back to top button