fbpx

McLaren направи часовник со цена од 190.900 долари

Швајцарскиот производител на часовници Ричард Мил и британскиот автомобилски производител McLaren ја претставија својата заедничка работа на Саемот за автомобили во Женева

Toa е часовник чија цена изнесува 190.900 долари, по парче. Во развојот на хронографот учествувале главниот дизајнер на McLaren, Роб Мелвил, и инженерот на Richard Mille, Фабрис Намура. Телото на часовникот е направено од посебен материјал, кој се состои од неколку слоеви на јаглерод и графит. Тој е 200 пати полесен од челикот.

Вградени во часовникот се и од титаниум, орнаменти слични на всмукувачите на воздух кај McLaren F1.

Истиот материјал се користи за задниот дел, а механизмот наликува на фелни на британски бренд. Часовникот е механички, кој издржува без навивање 55 часа. Ќе бидат произведени само 500 единици, а предност да го купат први се сопствениците на модели од семејството Ultimate Series. Ова е втор ваков проект на Ричард Мил и McLaren. Минатата година, тие покажаа часовник од кој беа изработени само 75 парчиња и еден чинеше 1,2 милиони долари.

1 | часовник
2 | часовник
3 | часовник

    Поврзани вести

    Back to top button