fbpx

Сите модели на McLaren хибриди?!

Глобалната тенденција за електрификација нема да го заобиколи ниту британскиот производител на супер-автомобили McLaren

Раководството на компанијата објави дека сите идни модели ќе бидат опремени со хибридни енергетски единици и основата за нив веќе е креирана.

За изданието Autocar, шефот на McLaren, Мајк Флуит откри дека следната генерација на спортски модели на марката ќе биде изграден на основа на новата шасија Monocel од втората генерација, која овозможува употреба на хибридни агрегати. Првиот ваков модел ќе биде наследникот на 570S, со најниска позиција во семејството на McLaren Sport.

Следниот чекор е со хибридите да се опреми семејството Super. Новата генерација на 720S беше лансирана минатата година, па затоа изведбите од оваа серија ќе станат хибриди не порано од 2023 година.

McLaren

Според информациите на Autocar, инженерите на McLaren работат на нов хибриден погон, каде главна улога ќе одигра 6-цилиндерски битурбо мотор. Сепак, Мајк Флуит додава дека некои од моделите на брендот може и да не добијат хибридна технологија, односно станува збор за автомобилите од лимитирана Ultimate серија кои ќе се придвижуваат со V8 мотори.

McLaren

McLaren 720S

Поврзани вести

Back to top button