Bugatti Brouillard е првото уникатно дело од „Programme Solitaire“
Bugatti го покажа Brouillard, уникатниот модел со 1.578 КС од новата „Programme Solitaire“ со рачно изработен дизајн и врвен луксуз

Bugatti влезе во нова ера со хибридниот Tourbillon, но легендарниот W16 мотор сè уште не заминува во историјата. Францускиот производител штотуку го претстави Brouillard – уникатен хиперавтомобил со моќ од 1.578 коњски сили, изработен во само еден примерок како дел од новата Programme Solitaire програма за специјално нарачани возила.
Овој ексклузивен модел ќе ја има својата јавна премиера на Monterey Car Week во Калифорнија и е инспириран од омилениот коњ на Еторе Бугати.
Дизајн што комбинира класична основа и уникатни детали
Brouillard го користи јаглеродното и алуминиумското шаси од Chiron, но речиси секој панел е специјално изработен. Напред се издвојува скулптуриран браник со широка решетка во форма на потковица и LED светла монтирани на крилата, со дополнителни отвори за ладење.
Страничниот профил е обележан со карактеристични C-облици зад кабината, карбонски елементи и впечатлива зелена боја, додека назад има интегрирано „ducktail“ крило, X-облик LED светла и четири издувни цевки слични на Chiron Super Sport.

Кабина со рачно изработени уметнички детали
Внатрешноста ја задржува основната поставеност на Chiron, но речиси секој елемент е персонализиран. Доминира зелена тема со специјално ткаени тартан ткаенини од Париз, зелен карбон и комбинација од кожа и алуминиум.
Највпечатлив елемент е рачно изработената скулптура на коњот Brouillard поставена во стаклен влог на менувачот, додека коњски мотиви се извезени на вратите и седиштата.

Механика без компромиси
Под поклопецот работи најмоќната верзија на 8.0-литарскиот W16 твин-турбо мотор со 1.600 КС, кој му овозможува на Brouillard перформанси на ниво на најбрзите хиперавтомобили во светот. Оваа шасија и мотор се истите што ги користат моделите Divo, La Voiture Noire, Centodieci, W16 Mistral и Bolide.
„Programme Solitaire“ – само два уникатни Bugatti модели годишно
Brouillard е првиот примерок од новата Programme Solitaire, која оди чекор подалеку од постоечкиот „Sur Mesure“ програм. Наместо персонализација на постоечки модел, тука се создаваат автомобили во еден единствен примерок.

Bugatti потврдува дека ќе се изработуваат максимум два автомобили годишно, користејќи постоечки погонски системи и шасии, но со целосно уникатен дизајн на екстериерот и ентериерот.
„На еден-единствен автомобил имаме многу повеќе слобода за повторна интерпретација на тоа што претставува Bugatti, без компромис во перформансите, квалитетот или дизајнот“, вели Хендрик Малиновски, извршен директор на Bugatti.

















