Кина започна акција против дезинформациите за нивните возила

Кинеските власти започнаа строга тримесечна акција насочена кон борба против лажни вести и дезинформации во автомобилската индустрија, откако социјалните мрежи во земјата се преплавени со содржини кои, според нив, штетат на имиџот на домашните производители.

Борба против лажни информации и антиелектрични кампањи

Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина најави дека ќе спроведе контрола и санкции против профили и компании кои шират “злонамерни дезинформации, лажни реклами и клевети”. Фокусот ќе биде ставен на лажните објави за електричните возила (EV) и на кампањите кои создаваат недоверба кон новите технологии.

Дезинформациите за автомобилите станаа вообичаена појава на локалните социјални мрежи, како Douyin (кинеската верзија на TikTok). Во некои случаи, самите конкуренти користеле социјални медиуми за да ги нападнат ривалите.

Кога онлајн нападите преминуваат во реалност

Еден познат пример доаѓа од јули годинава, кога Li Auto објави видео во кое се прикажува судар помеѓу нејзин SUV и камион од Dongfeng Liuzhou Motor. Додека SUV-то помина со минимални оштетувања, кабината на камионот беше целосно уништена. По реакциите од Dongfeng, Li Auto беше принуденa јавно да се извини.

Таквите инциденти ја зголемија потребата за регулаторна интервенција, особено откако дел од содржините на интернет се користат за манипулации со јавноста и нарушување на пазарната конкуренција.

Автомобилските компании се вклучуваат во борбата

Покрај државата, и самите производители преземаат мерки против дезинформациите. Компанијата MG нуди награди до 5 милиони јуани (околу 703.000 долари) за информации кои ќе помогнат во откривање на злонамерни профили. Слична програма воведе и BYD, која нуди награди од 50.000 до 5 милиони јуани за истиот тип на дојави.

Влијанието на ваквите кампањи е значително. Минатата година, еден инфлуенсер на Douyin со над 5,4 милиони следбеници објавуваше видеа во кои ги исмеваше возачите на нови електрични модели. Иако профилот беше суспендиран во јуни 2024 година, штетата врз имиџот на брендот веќе беше направена.

BYD Dolphin Surf

Целта – доверба во кинеските електрични возила

Со оваа акција, Кина се обидува да воспостави потранспарентен и фер онлајн пазар, да ја заштити репутацијата на домашните EV производители, и да спречи манипулации кои би можеле да го забават растот на електричната мобилност – сектор кој веќе ја позиционира земјата како светски лидер.

Поврзани вести

Back to top button