Тест Chery Arrizo 8: Хибриден седан што ги менува правилата на игра

Моделот Arrizo 8 особено како Plug-in Hybrid претставува јасен доказ дека кинеската автомобилска индустрија веќе не е следбеник, туку рамноправен конкурент на етаблираните светски брендови. Со дизајн кој умешно ја спојува елеганцијата со технолошката смелост, внатрешност која создава автентично  искуство и напреден хибриден систем што нуди и перформанси и ефикасност во исто време, Arrizo 8 се наметнува како модел чии квалитети тешко можат да се игнорираат. Ова е автомобил кој на европската сцена настапува со амбиција што јасно ја менува играта.

Во последните неколку години Chery се наметна како една од најдинамичните автомобилски компании, благодарение на агресивниот развој, напредните технолошки платформи и јасната амбиција да се позиционира рамо до рамо со глобалните премиум брендови. Со јасен фокус на иновации, ефикасност и квалитет, марката успеа да создаде модели кои целосно ја редефинираат перцепцијата.

Изглед кој ги надминува стереотипите

Марката Chery со моделот Arrizo 8 Plug-in Hybrid уште од првиот поглед јасно става до знаење дека кинеските брендови одамна ја надминаа фазата на следење туѓи дизајнерски трендови и дека тие денес создаваат свој препознатлив идентите. Предниот дел на Arrizo 8 е еден од неговите најсилни атрибути. Масивната решетка со геометриски мотиви е рамка за остро исцртаните LED предни светла, а хромираната линија деликатно ги спојува светлосните групи, нагласувајќи ја широчината на автомобилот. Дизајнот создава впечаток на технолошка зрелост и строгоста, слична на онаа што сме навикнати да ја сретнуваме кај европските и јапонските седани.

Од страна, Arrizo 8 се истакнува со хармонична, издолжена силуета која комбинира елеганција и функционална аеродинамика. Самата должина од речиси 4,8 метри и визуелно ниската линија на покривот која се спушта кон задниот дел, создава своевиден „купеовски“ профил, без да ја наруши практичноста на лимузината. Задниот дел продолжува со елегантни дизајнерски линии кои се преставени преку широките светлосни групи развиени во хоризонтална форма. Нивната сложена графика, ја прошируваат визуелната перцепција на автомобилот и даваат високотехнолошки изглед, особено навечер. Долниот дел од браникот ги исклучува видливите издувни отвори, а „пијано“ црната завршница му дава сериозност и доза на динамика, дискретно покажувајќи дека станува збор за хибридна верзија. Линијата на багажникот е чиста и со благ ефект на спојлер чија што задача е на суптилен начин да вметне спортска нота и подобрена аеродинамика.Тест Chery Arrizo 8 Plug-in Hybrid Noble
Хибриден седан што ги менува правилата на игра

Со изгледот на надворешноста, Chery испраќа јасна порака, дека ова е седан кој сака да се натпреварува со етаблираните имиња. Од тие побуди компанијата ги комбинира острите линии, софистицираните светлосни елементи и избалансираните пропорции, кои се обединети да создадат силна и впечатлива приказна, со која Arrizo 8 влегува во територија што до пред неколку години беше резервирана само за премиум брендови.

Кабина што го подигнува стандардот

Моделот Arrizo 8 е уште еден доказ дека кинеската автомобилска индустрија се движи со брзина која ја редефинира глобалната сцена. Ако надворешноста плени со динамични линии и силна визуелна става, тогаш внатрешноста претставува нејзина најсилна страна. Првиот впечаток е дека кабината создава зрело премиум чувство кое доаѓа од комбинацијата на материјалите и дизајнот кои се изведени со исклучителна прецизност, што од друга страна ја покажува амбицијата на Chery да се натпреварува со далеку поскапите конкуренти.

Тест Chery Arrizo 8 Plug-in Hybrid Noble
Хибриден седан што ги менува правилата на игра

Седиштата се изработени од висококвалитетна вештачка кожа, со електрични прилагодувања и меморија, а можноста за вентилирање и загревање е нешто што особено ќе го ценат лицата на предниот дел. Благодарение на меѓоскиното растојание од 2770 мм. изобилство на простор ги очекува и оние кои се возат на задната клупа, како во висина, така и во поглед на должина, што секако е добра вест за високите патници.

Тест Chery Arrizo 8 Plug-in Hybrid Noble
Хибриден седан што ги менува правилата на играВо поглед на користените материјали низ кабината, забележливо е дека меките површини доминираат со опкружувањето, употребата на светли дрвени ламинати и хромирани детали низ внатрешноста го надополнуваат искуството кое во последно време често недостасува и кај автомобилите од повисоките сегменти.  Во град, автомобилот е речиси бесшумен, а нивото на тишина во кабината и на отворен пат пријатно изненадува. Дигиталниот кокпит пред возачот го зазема централното место во кокпитот. Двојниот OLED панел со вкупна големина од 24,6 инчи е создаден од два засебни екрани со 2K резолуција што дава длабока црна боја и извонредна јасност дури и под директна сончева светлина.

Инструментите се презентирани преку јасна графика со видливи детали и прецизно рендерирани анимации од опкружувањето во возењето, а AI системот учи од навиките на возачот и го прилагодува интерфејсот. Инфотејментот се базира на Chery Smart Ecosystem 5.0 кој освен стандардните поврзувања овозможува и читање на PDF документи кога возилото мирува, што воедно го прави практичен за деловни корисници. Ако на тоа ги придодадеме 12-те звучници на Sony и брзиот 50W безжичен полнач со ладење и суптилно поставените „haptic“ контролите на климатизација, кои со еден потег ги елиминираат физичките копчиња без притоа да се изгуби брзиот пристап до командите, добиваме целина која ја истакнува својата технолошка напредност.Тест Chery Arrizo 8 Plug-in Hybrid Noble
Хибриден седан што ги менува правилата на игра

Поради се веќе наведено, слободно може да кажеме дека Arrizo 8 на многу умешен начин ја комбинира врвната технологија, суптилниот пристап кон луксузот и беспрекорната ергономија во единствен, целосно интегриран простор. Ова не е само кабина, туку многу внимателно дизајнирано опкружување кое што пријатно изненадува и ги надминува очекувањата.

Инженерска демонстрација на новата хибридна ера

Со моделот Arrizo 8 PHEV, компанијата Chery јасно демонстрира дека хибридната технологија не мора да биде компромис, туку предност. Под каросеријата се крие систем што по агресивност, ефикасност и инженерски пристап лесно може да ги вознемири и најголемите играчи во автомобилскиот свет. Но, да тргнеме по ред. Основата на погонот е 1.5 литарскиот T-GDI турбо бензински агрегат со 143 КС и 215 Нм кој работи во Miller-ов циклус при ниски и Otto циклус при високи оптоварувања. Со оваа стратегија се постигнува подобрена ефикасност, пониска потрошувачка и поагилна реакција при забрзување, особено важни карактеристики кога бензинецот и електриката работат во паралела.

Тест Chery Arrizo 8 Plug-in Hybrid Noble
Хибриден седан што ги менува правилата на игра

Од друга страна пак, електромоторот обезбедува 204 КС и 310 Нм влечна сила и работи со ефикасност од 97%, постигнување со кое не можат да се пофалат многу модели. Енергијата ја црпи од LFP батерија со достапни 18,3 kWh и СТР структура која користи течност за одржување на оптималната работна температура. Истата подржува брзо полнење со капацитет од 40 kW, a за дополнување од 30% до 80% проценти потребни се само 18 минути. Нејзината голема зафатнина (за plug-in hybrid) по WLTP мерењата обезбедува 115 километри опсег, што во реални услови на возење и без многу пазење варира помеѓу 85 и 95 километри. Што значи дека во град како што е Скопје, без проблем ќе можете да возите цела работна недела без да го вклучите бензинскиот мотор.

Во сета комплексност се вклучува и менувачот (DHT- Dedicated Hybrid Transmission) што има 1 брзина, а 9 режими на работа! Е сега, комбинираната моќ на хибридниот систем изнесува 278 КС и 365 Нм што го носат автомобилот до 100 км/ч за 7,8 секунди, а за цело време потрошувачката да не поминува 1,5 литри. Воедно, автономијата со еден резервоар и полна батерија е декларирана на повеќе 1.300 километри, што значи дека теоретски од Скопје до Верона ќе стигнете без ниту едно дополнување. Во реални услови и во хибриден режим на работа, потрошувачката за време на тестот се движеше во зоната од 4 литри во град, додека на отворен пат беа потребни половина литар повеќе.

Возните карактеристики се резултат на комплексната „Kunpeng Super Hybrid C-DM“ архитектура, која одлично го комбинира електричниот и бензински погон. Од старт, моторот нуди линеарно, чисто забрзување, без вибрации и без прекини, што го прави секое тргнување исклучително рафинирано. Но, ова не е бизнис/семеен седан кој само се вози удобно, тој знае да испорача сериозна доза динамика кога е потребно. Особено во „Sport Mode“ режимот, каде системот се активира максимално и целата сила станува веднаш достапна. Што особено доаѓа до израз при повисоки патни брзини и потребата да се претекне. Суспензијата одлично го следи карактерот, овозможувајќи баланс помеѓу комфор во секојдневното возење и доволна доза на цврстина и прецизност кога возачот управува на подиманичен начин. Секако, примарната цел е да се постигне што е можно поголема удобност, за што велиме дека инжињерскиот тим добро си ја завршил работата.

Тест Chery Arrizo 8 Plug-in Hybrid Noble
Хибриден седан што ги менува правилата на игра

На крајот кога ги сумираме впечатоците може да утврдиме дека ова не е само уште едно возило во понудата на марката која со молскавичана брзина ги напаѓа европските пазари. Сметаме дека Arrizo 8 Plug-in Hybrid е предвесник на иднината во која кинеските производители не ги следат слепо поставените стандарди, туку создаваат потполно нови вредности.

Цена на тестираниот модел 34.900 евра

Технички податоци за Chery Arrizo 8 Plug-in Hybrid Noble

мотор Euro VId TEMP, бензин, четиритактен, четирицилиндерски, водено ладен, сместен напред надолжно
работна зафатнина 1.498 см3
пречник и од –,- x –,- мм
степен на компресија 9.5:1
напојување две брегасти оски во главата, четири вентили по цилиндар со варијабилни фази на работа, директно вбризгување на горивото
Макс. моќ на мотор со внатрешно согорување

Mакс. моќ на електромотор

Макс. моќ на хибриден систем

143 KС (105 kW) при 5.200 врт/мин

204 KС (150 kW)

278 КС (205 kW)

Макс. вртежен момент на мотор со внатрешно согорување/

Mакс. вртежен момент на електромотор/

Макс. вртежен момент на хибриден систем

215 Nm при 2.500 врт/мин
 

310 Nm

365 Nm

трансмисија на предните тркала преку автоматски DHT менувач
потпирање напред мекферсонови нозе, независни попречни рамења, стабилизатор, назад multilink, спирални пружини, телескопски амортизери
сопирачки напред самовентилирачки дискови, назад дискови, ABS, EBD, ЕЅР, ТСЅ
пневматици 235/45 R18 (напред) 235/45 R18 (позади)
каросерија седан со четири врати, пет седишта
должина х ширина х висина 4.757 x 1.832 x 1.469 мм
меѓуоскино растојание 2.770 мм
Електричен опсег на движење 115 километри
тежина 1.825 кг
максимална тежина 2.155 кг
багажен капацитет 450 литри
резервоар 60 литри
капацитет на батерија Бруто 18.67 kWh, Нето 18.30 kWh (LFP)
максимална брзина 185 км/ч
забрзување 0-100 km/h 7.8 секунди
декларирана просечна потрошувачка 1,2 л/100 км
емисија на CO2 — г/км

Chery Arrizo 8 во Македонија

Chery Arrizo 8 1.6 T-GDI 7DCT Comfort 23.900 евра
Chery Arrizo 8 1.6 T-GDI 7DCT Noble 26.900 евра
Chery Arrizo 8 C-DM Plug-in Hybrid Comfort 29.900 евра
Chery Arrizo 8 C-DM Plug-in Hybrid Noble 34.900 евра

Повеќе информации во Гранд Ауто, на (0) 2 30 73 103 или на  www.cheryauto.mk

Конкуренти:

Toyota Camry HEV од 43.290 до 53.990 евра

СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА АВТО ПЛУС. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ И ФОТОГРАФИИТЕ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.

Поврзани вести

Back to top button