fbpx

Renault и Nissan со целосно спојување во нова компанија

Според Routers, Renault и Nissan, разговараат за можноста за целосно спојување во нова компанија

Веста сé уште не е официјална, бидејки материјалот се базира на податоци од „извори блиски до Алијансата“?!

Агенцијата тврди дека лично Карлос Гон, шефот на брендовите Nissan и Renault, добил задача да направи разговори со челниците на двете страни. Се смета дека ваквата зделка ќе биде исклучително тешка, бидејки таа треба да биде одобрена од владите на Јапонија и Франција. Згора на тоа, Франција има 15 проценти од Renault, а одземањето на нејзиното учество и влијание во автомобилскиот гигант ќе биде доста тешко.

Renault и Nissan

Ако евентуално дојде до таков договор, тогаш постојат неколку начини за управување со новата фирма. Од една страна, можат да бидат задржани централите во Франција и Јапонија, а од друга може да биде создадена една заедничка, нова, на неутрално место. Засега Лондон и еден град во Холандија се споменуваат како потенцијални локации. Гон сака да ги зголеми сериозно економиите на синергии во двете компании, а целта е до 2020 година да се инкасираат не помалку под 10 милијарди евра. Во 2016 година оваа бројка беше два пати помала.
Renault и Nissan

Поврзани вести

Back to top button