Geely Cityray со нова летна промотивна цена – Премиум SUV за само 24.490 евра

Ова лето е вистинскиот момент за нов автомобил. Geely Cityray, еден од најатрактивните компактни SUV модели на пазарот, сега е достапен по специјална промотивна цена од 24.490 евра, нудејќи комбинација од модерен дизајн, напредна технологија, високо ниво на безбедност и одлични перформанси.

Под динамичниот дизајн се наоѓа 1.5-литарски турбо бензински мотор со 174 КС во комбинација со 7-степен автоматски DCT менувач. Резултатот е забрзување од 0 до 100 km/h за само 7,9 секунди, прецизно управување и исклучително пријатно возачко искуство, како во градски услови, така и на отворен пат.

Од нашето досегашно искуство и во нашите тестови го истакнавме Cityray по неговата стабилност, прецизност во управувањето и чувството на сигурност зад воланот. И покрај динамичните перформанси, моделот нуди и економично возење, со просечна потрошувачка од околу 6,3 l/100 km.

Geely Cityray Super Test

Безбедноста е една од неговите најголеми предности. Geely Cityray е опремен со најсовремени системи за асистенција на возачот, меѓу кои адаптивен темпомат, систем за автоматско сопирање во итни ситуации, асистенција за одржување на лентата, препознавање сообраќајни знаци и следење на мртвиот агол, обезбедувајќи поголема сигурност и самодоверба при секое патување.

Во кабината, Geely Cityray нуди премиум амбиент со висококвалитетни материјали, целосно дигитална инструмент-табла, голем HD мултимедијален екран и 360° панорамска камера, која значително го олеснува маневрирањето и паркирањето.

Промотивната понуда е ограничена и важи до исцрпување на залихите, а не може да се комбинира со други попусти или ваучери.

Доколку сакате лично да ги искусите неговите перформанси, комфор и технологија, закажете тест возење на 076 242 775 или посетете го продажниот салон на Geely на Градски Стадион-Северна Трибина во Скопје.

Geely Cityray – премиум SUV кој нуди повеќе отколку што очекувате, по цена што тешко се одбива на друго место.

 

Поврзани вести

Back to top button