Верстапен се врати на почетоците: Сам против 100 картинг возачи

Макс Верстапен беше дел од специјална трка на Силверстоун каде за само 35 минути успеа да ги престигне сите 100 картинг возачи

Четирикратниот светски шампион во Formula 1, Макс Верстапен се соочи со несекојдневен и невообичаен предизвик со кој уште еднаш ги воодушеви љубителите на мотоспортот, успевајќи да престигне 100 картинг возачи и да победи на специјално организирана трка за само 35 минути.

Настанот беше организиран од Red Bull на легендарната патека Силверстоун, а целта беше едноставна, но исклучително тешка, Верстапен да стартува од последното место и да се обиде да ги престигне сите останати натпреварувачи.

Хаос на стартот, Верстапен веднаш почна да напредува

На трката учествуваа дури 100 аматерски картинг возачи, што ја направи најголемата картинг трка досега. Големиот број учесници на тесната и технички предизвикувачка патека создаде вистински хаос уште по стартот.

Додека повеќето возачи внимателно тргнуваа од своите позиции, Верстапен веднаш започна агресивен пробив низ колоната. Благодарение на својата прецизност и брзина, Холанѓанецот уште во првиот круг успеа да престигне повеќе од 60 картинзи, оставајќи ги гледачите без зборови.

Според правилата на натпреварот, секој возач што ќе беше престигнат од Верстапен веднаш беше елиминиран од трката. Со тоа се избегна ситуација сите 100 картинзи да останат на патеката во текот на сите 30 предвидени круга.

Поврзани вести

Back to top button