Пекинг 2018: Со Н500 дури 1.000 km сo едно полнење
Дизајнерското студио Pininfarina ќе презентира два нови концептни автомобили на Салонот за автомобили во Пекинг, во соработка со хонгхонгшката компанија Hybrid Kinetic Group
Еден од нив е електричниот модел со ознака Н500. Првите фотки на седанот се објавени на страницата на Pininfarina на Twiter. Детални информации за новиот електричен автомобил сè уште не се достапни, но интересно е што може да има автономија од 1000 километри со едно полнење на батериите.