Daimler и официјално во заштита на дизелите
Одлуката на Врховниот административен суд во Германија, дека одделните градови и општини можат да забранат пристап на дизел автомобили, предизвика вистинска бура во автомобилската индустрија, па веќе следуваат реакции од домашните производители
Со оглед на тоа дека во иднина дизел моторите најверојатно ќе бидат забранети во поголемиот дел од Европа, далечните перспективи за овие технологии не се особено блескави, но во краткорочно работите не се толку трагични. Оваа недела од гигантот Daimler објави официјална заштита на дизел моторите.
Во образложението се вели дека компанијата ќе направи големи напори дизелските мотори да станат почисти и поеколошки, што ќе биде предуслов тие да не бидат целосно забранети.
Понатаму од Daimler посочуваат дека дизелските агрегати се поекономични од бензинските и испуштаат помалку јаглероден диоксид.
Нивоата на азотните оксиди можат да се намалат со користење на нови технологии кои ќе ја направат дизелската понуда уште почиста и на крајот потенцираат дека дизел автомобилите кои ги исполнуваат Euro 6 стандардите се се` повеќе. Според Daimler, една тотална забрана на дизелите ќе има негативни последици во еколошки и економски аспект.