Пекинг 2018: MG најавува нов кросовер – X-Motion
На салонот за автомобили во Пекинг, британско-кинеската компанија MG, која е дел од групата SAIC, ќе го прикаже новиот кросовер на крајот од месецот
Првите тизер фотки од прототип на X-Motion се објавени на интернет просторот.
Сериската верзија на автомобилот ќе биде достапна за продажба во Кина следната година. Во моделската гама на брендот, машината ќе заземе место малку повисоко од GS. Судејќи според сликите, кросоверот ќе биде во стилот на новиот дизајн на брендот, кој за првпат беше демонстриран со електричниот прототип E-Motion. Според Autocar, MG X-Motion ќе се гради врз основа на Roewe RX8, со 2.0-литарскиот турбо бензински мотор со 225 КС. Плановите вклучуваат електрична верзија и хибридна модификација.