Новиот Mitsubishi Outlander веројатно на платформа од Nissan
Со оглед на фактот дека сега е дел од француско-јапонската Алијанса, Mitsubishi најави дека при развојот на своите нови модели ќе користи многу технички и технолошки решенија од своите партнери, се разбира се со цел на заштеда на време и пари
Еден од новитетите кој веќе е на маса и чека потврда за старт на обмислувањето на неговата нова генерација секако е бестселерот на компанијата чиј заштитник се „трите дијаманти“ е Outlander. Според најавите неговото идно поколение би требало да биде лансирано на пазарот во текот на 2021 година, кој по се изгледа ќе ја користи новата платформна од Nissan Rogue, или во Европа познат како Nissan X-Trail.
Според некои информации новата генерација на Outlander ќе биде со поголеми димензии, а освен стандардните агрегати за оваа цел ќе се развива пософистициран plug-in hybrid состав.
Една година подоцна, во 2022, пристигнува и новиот Outlandera Sport , кој во Европа се нуди како ASX, кој се очекува да биде помал од сегашното издание за да се отвори место за Eclipse Cross. Новиот Outlander Sport / ASX се претпоставува дека ќе биде според големината сличен на Nissan Kicks, од кој ќе биде преземена платформата.
Освен на ова во Mitsubishi се работи на поставување сосема нов pick-up модел за кој база ќе биде следниот Nissan Frontier, како и на две електрични изведби врз Eclipsе Cross, или Outlander Sport/АЅХ. Crossotrek Hybrid ќе има своја официјална промоција во текот на годинава, а освен технички решенија ќе има и дизајнерски дополнувања со кои ќе се истакне неговиот eco-friendly стајлинг.