fbpx

Две хибридни верзии врз Porsche 911

Следната генерација на Porsche 911 ќе биде лансирана во две хибридни верзии, објави британското списание Auto Express

Информациите тврдат дека двете опции ќе се позиционирани на различни нивоа во гамата на моделот 911.

Првата хибридна варијанта на следната Porsche 911 ќе биде позиционирана во близина на основната верзија на Carrera, додека другата најверојатно ќе е топ верзијата на моделот. На сличен начин се позиционирани хибридите и во семејството на Panamera – компанијата го нуди скромниот E-Hybrid, како и топ верзијата Turbo S E-Hybrid.

Porsche 911

Според извори од компанијата, во техничка смисла хибридните варијанти на 911 ќе се идентични со E-Hybrid верзијата на Cayenne. Porsche вградува електромотор помеѓу бензинскиот агрегат и менувачот и ја става батеријата под подот на багажникот. Сега Porsche 911 е достапен во 24 верзии – од основните варијанти во Turbo и Turbo S, дури до GT2 RS и GT3.

Porsche 911

Поврзани вести

Back to top button