Следниот хипер автомобил на Mercedes ќе биде електричен
Пред само неколку дена, Mercedes-AMG ја претстави својата ѕверка Project One, а веќе работи на нејзиниот наследник
Таа ќе биде подготвена во 2025 година, со нова енергетска погонска единица.
Се очекува возилото да биде опремено со голем број технологии и системи што се користат во автомобилите во Formula-Е. Во моментов недостасуваат технички детали, но според некои медиуми, проектот има „зелено светло“ и веќе е во тек негов развој. Што се однесува до хибридниот Project One, неговото производство ќе започне во 2019 година. Моторот се напојува со 1.6-литарски бензински V6 мотор, кој работи на 11.000 вртежи во минута. Моторот користи нов тип на вентили, а турбополначот се напојува со електричен систем. Моторот со внатрешно согорување се става во задниот дел на возилото, работи во комбинација со електричен мотор. Вкупно погонските единици обезбедуваат моќ на задната оска од 680 КС. Предните тркала се опремени со друга електрична единица, така што вкупната моќност на оваа изведба надминува 1.000 КС.
Project One
Севкупно, концернот Dajmler ќе инвестира 10 милијарди евра во развојот на електрични возила. Покрај тоа, Германците ќе потрошат 500 милиони евра за изградба на фабрика за литиум-јонска батерија.