Нема шанси Renault да ги преземе Nissan и Mitsubishi?!
Преземањето на Nissan Motor и Mitsubishi Motors од францускиот производител Renault никогаш не било опција, бидејќи трите производители сакаат да го зајакнат своето партнерство, истовремено зачувувајќи ја нивната автономија
Ова го најави претседателот на француско-јапонската алијанса, Карлос Гон, на состанокот со акционерите.
-Секој што сака Nissan и Mitsubishi да станат сопственост на подружниците на Renault, ќе остане разочаран, бидејќи да се оствари тоа шансите се нула,беше категодичен Гон, кој исто така е извршен директор на француската компанија.
Во 2017 година, Renault-Nissan-Mitsubishi Alliance стана најголемиот производител на патнички автомобили во светот, а во моментов е основна цел што повеќе да се зацврстат овие позиции. Уште во март, сепак, имаше резимеа дека трите компании бараат подлабоко ангажирање. Идејата е да се намали влијанието на француската влада, која е главен акционер во Renault, истовремено намалувајќи го своето влијание врз Nissan.
Во моментов Renault поседува 43,4% од акциите на Nissan, кои за возврат поседуваат 15% од француската марка, но немаат право на глас.
Партнерството помеѓу двата производители започна во 1999 година, а Mitsubishi Motors се приклучи на алијансата во 2016 година, со 34 отсто од нејзините акции во сопственост на Nissan.
-Целта на Алијансата е да продаде повеќе автомобили и да ја зголеми својата профитабилност со намалување на непотребното удвојување на различни постапки. Мораме да работиме заедно продолжувајќи да се потпираме на сегашниот систем, кој функционира мошне добро. Не е важно кој ќе го води овој Сојуз, важно е да се докаже дека овој пристап ќе биде одржлив по 5, 10 или 15 години, додаде тој.
Шефот на француско-јапонската алијанса додаде дека се подготвува нов план за развој на групата. Тоа ќе биде објавено пред 2022 година, кога мандатот на Гон ќе истече како прв човек на Алијансата.