fbpx

Koи се најдобро продаваните SUV изведби во светот?

Во последните неколку години, SUV моделите се најдоа на мошне сериозни пазарни позиции, а во Европа пазарниот удел достигна доминантно ниво од околу 34%

Кои се најбараните пазарни понуди на глобално ниво во овој сегмент покажува новата студија на агенцијата Focus2Move. Според податоците на Агенцијата, со раст од 7,8% за првите пет месеци од годината, на челната позиција е Toyota RAV4, со продажен резултат од 335.128 единици. На второ место со минимална разлика од лидерот, се подредува VW Tiguan со 332.185, а третата позиција е за Honda CR-V со 275.476 единици.

Во Топ 10 на најпродаваните SUV модели од почетокот на годината влегуваат исто така Hyundai Tucson (235.789), Nissan Qashqai (224.788), Haval H6 (200.964), Mazda CX-5 (198.136), Nissan Rogue (197.255), Kia Sportage (192.773) и Baojun 510 (189.709).

Поврзани вести

Back to top button