Новиот Renault Zoe догодина
Производството на втората генерација на електричниот автомобил Renault Zoe, најдобро продаваниот електричен автомобил во Европа, ќе започна со производство следната година
Слично на сегашниот хечбек, моделот ќе се составува во францускиот град Флин сур Сен, каде се прават исто така Renault Clio и Nissan Micra. Премиерата најверојатно ќе се одржи на автомобилскиот саем во Франкфурт во есен идната година, а на европскиот пазар автомобилот ќе се појави кон крајот на 2019. Според информациите следниот Renault Zoe ќе се најде на сосема нова платформа CMF-EV на Алијансата Remault-Nissan-Mitsubishi, дизајнирана специјално за електрични автомобили.
Сегашниот компактен автомобил е изграден на платформата на Renault Clio.
Новото Zoe, исто така, ќе добие нов електричен мотор и батерија, но засега нема детали. Покрај тоа, моделот ќе биде опремен со беспилотен систем од второ ниво: електрониката ќе управува со забрзувањето, запирањето и однесувањето во свиоци, но возачот ќе треба да реагира, ако системот не може да се справи самиот. Сличен систем – ProPilot, е во опремата на некои модели на Nissan, кросоверот Qashqai, миниванот Serena и електричниот хечбек Leaf.
Првата генерација на Renault Zoe дебитираше во 2012 година. Три години подоцна тој го надмина Nissan Leaf како најпопуларната електромобил во Европа (18.469 продадени Zoe, во однос на 15.303 Leaf). Францускиот автомобил остана на врвот во следните две години. По пласирањето на пазарот на втората генерација на јапонскиот модел сепак, Zoe се најде на второ место: од јануари до мај 2018 година во Европа се продадени околу 13.500 примероци од францускиот автомобил, а од Leaf – над 14.000.
Хечбекот е достапен во Франција во три верзии: R90, R110 и Q90. Првиот е опремен со електричен мотор со 92 КС (220 Nm), вториот развива 108 КС (225 Nm) и третиот 88 КС (220 Nm). Три литиум-јонската батерија има капацитет од 41 kWh, а автономијата е 400 km (NEDC).