Викенд Тарифа: Трка со камп-приколки со F1 пикантерии
Што ќе се добие ако оставите двајца пилоти од F1 на една празна патека
Што ќе се добие ако оставите двајца пилоти од F1 на една празна патека – во случајот од Red Bull тимот, им дадете два кабриолети Aston Martin со закачени за нив камп-приколки и им кажете дека можат слободно да се тркаат? Видете! Што и да се случи, како и во секоја ваква авантуристичка приказна главни атрибути на фабулата ќе се: предизвик, забава, откаченост…
Токму така, тоа го демонстрираа двајцата пилоти на Red Bull – Даниел Рикардо и Макс Верстапен, кои досега немале сигурно трка со приколки. Од самиот почеток треба да кажеме дека Холанѓанецот располагаше со помоќен автомобил.
Поточно, Макс стартуваше зад воланот на Vanquish S Volante, а Австралиецот управуваше стандарден Vanquish Volante. Секако, целата на оваа лудница на трасата имаше и своја конкретна задача – да се промовира ГН на Австрија во F1 на истата патека, која според календарот на F1 шампионатот е на 9 јули. Рикардо и Верстапен покажат дека понекогаш и знаат да откачат, да заборават на досадните PR обврски и да бидат исклучително забавни!