Викенд тарифа: Краш-тест на Corolla од 1998 против сегашниот модел
Австралиската организација ANCAP објави видео на одржаниот краш-тестот на два автомобила Toyota Corolla
Едниот е од последната генерација на моделот, а другиот од 1998 година.
Целта е да се покаже колку е зголемена безбедноста на патниците при судир за 19 години. Краш-тестот е спроведен при брзина од 64 km/h,а од ANCAP забележуваат дека старата Corolla денес би добила 0 од вкупно број 5 ѕвезди, кои се доделуваат во слични тестирања според најновите стандарди.
ANCAP
Автомобилот од 1998 година добил само 0,4 од вкупно 16 можни поени. Сензорите на возилото регистрирале сериозен ризик од повреди на главата, градите и нозете на возачот и на совозачот. За споредба – новата Toyota добива 5 ѕвезди и 12,93 поени од вкупно 16.
Од ANCAP дополнуваат дека секоја трета несреќа со автомобил, произведен пред 2000 година, во Австралија завршува со смртен случај. Резултатот при автомобилите, произведени од 2011 до 2016, е само 13%. Слични краш-тестови се споредени и порано, стар Rover 100 и нова Honda Jazz, како и третата генерација на Nissan Sentra и сегашниот Nissan Versa. Таму резултатите биле слични.