Пет децении за иконата Volvo 164
Додека голем број земји во светот се судираа со протести во немирната 1968 година, тимот на Volvo, во Гетеборг, се подготвуваше за премиера на новиот престижен модел 164
Всушност идејата за проектирање на поголем, ексклузивен модел, датира многу пред тоа, но блесна во 1968-та. На крајот на 50-тите години од минатиот век, веке се планирал голем модел на Volvo со V8 мотор и моќна вертикална решетка, но овој проект „умира” во 1960 година, бидејќи според тогашните студии, иднината им припаѓа на компактните автомобили, особено во САД.
Премиерата на серијата 140 во 1966 година, повторно ја оживеа идејата да се стави 6-цилиндерски мотор, па Volvo 140 го добива, со што се обезбеди комбинација од престижност и компактни димензии – апсолутно неопходни за корисниците тогаш, според шведскиот производител.
Главниот дизајнер Јан Вилсгард ја задржува шасијата од 140 и го користи предниот дел од 358 проектот, создаден во 50-тите. Овде логото е повторно во централна позиција, позиционирано дијагонално, исто како и првото Volvo од 1927 година, а како што го гледаме, се ажурира и на денешните модели.
Шасијата на 140 е продолжена нанапред со 10 cm, за да се обезбеди доволно простор за ново развиениот 6-цилиндерски 3,0-литарски мотор, означен како Б3 и обезбедува 145 КС, благодарение на двојните карбуратори Zenith-Stromberg. Во соопштението од август 1968 година со гордост е објавено дека германскиот менувач ZF е од типот „далечинско управување”, што значи дека релативно најкраткиот лост е позициониран над преносниот тунел кон предните седишта. Опремата е значително побогата од серијата 140, со посебен тапацир на седиштата, текстилни патосници на подот и задните седишта, потпирачи за раце во средината….
По првата година на производство, Volvo 164 добива кожен тапацир како стандардна опрема, вградени помошни халогени светла и потпирачи за глава.
Во САД, се разбира, моделот доаѓа со електрично прилагодливи и затемнети прозорци, електрично прилагодлив панорамски покрив и климатизација. Кога американското списание Car and Driver го тестирал Volvo 164, за јуллскиот број во 1969 година, е потенцирано: „Volvo се обидуваат да украдат клиенти од Buick, Oldsmobile и Mercedes и навистина тие го прават тоа. Новите купувачи на Volvo се клиенти од различни области – лекари, стоматолози, правници – луѓе кои можат да си дозволат нешто друго“.
Исто така и рекламата за американскиот пазар за 164 ја носи истата порака: „Луксузниот автомобил што покажува дека имате повеќе пари.” Volvo 164 претрпува континуиран развој во текот на целиот животен циклус и добива голем број дополнителни функции, како електронско вбризгување на горивото во моделот од 1972. Последната генерација создадена во 1975 и сите автомобили произведени тогаш, се извезуваат за САД. Во тоа време, неговиот наследник – 264, е веќе во продукција.