fbpx

За 5 милиони евра 1.500 коњски сили

Овој викенд Калифорнија беше домаќин на традиционалниот фестивал за автомобилска убавина Пебл Бич 2018

На елитниот настан за Bugatti го претстави хипермоделот Divo. Автомобилот е создаден врз основа на сериското купе Chiron, а главната разлика меѓу моделите е тоа што Divo е максимално наменет за употреба на патека. На познатата италијанско писта Нардо, овој автомобил остварува 8,0 секунди подобро по круг во однос на Chiron.

Самото име на автомобилот е во чест на пилотот Алберто Диво, кој со Bugatti два пати ја освоил престижната трка Targa Florio во 1928 и 1929 година.

Моторот на Divo е еднаков со оној на Chiron W16 со 4 турбополначи за 1.479 КС. Забрзувањето од место до 100 km/h трае 2,4 секунди. Управувањето во Divo има посилни поставки од Chiron. Максималната брзина е ограничена до 380 km/h (40 km помалку од „донаторот”). Исто така, Divo се одликува со лесни тркала и помала звучна изолација, благодарение на што се заштедени 35 килограми во тежината.

Панелите на каросеријата и при Chiron и кај Divo се исти, а светлата се диодни и имаат долгнавеста форма. Задниот спојлер е 23% поширок и може да дејствува како аеродинамична сопирачка. Цврстината е зголемена за 90 kg до 456 kg, поради што машината е во состојба да издржи аголни забрзувања до 1,6 g.

Bugatti Divo ќе се произведува во ограничено издание од 40 копии. Тие веќе се продадени однапред и покрај неверојатната цена од 5 милиони евра по единица!

Поврзани вести

Back to top button