fbpx

Nissan Leaf е најуспешниот електричен автомобил во Европа во 2018 година

Новиот Nissan Leaf е најпродаваниот електричен автомобил во Европа во 2018 година, според статистичките податоци за првите осум месеци

Компанијата објави дека за периодот јануари-август моделот се продал во речиси 26.000 единици на Стариот континент. Од нив, 8.000 се флота на големи компании, а остатокот на приватни клиенти. Ова значи дека на секои 10 минути Nissan Leaf се продава во Европа.

Nissan Leaf ја држи првата позиција и за секој месец оделно.

Nissan Leaf

Земјите со најмногу продажби се Австрија, Франција, Германија, Холандија, Португалија и Шпанија. Причината за големиот интерес за новиот модел е зголемената километража, која достигнува до 270 километри со едно полнење (според новиот WLTP стандард). Таа километража е поради литиум-јонската батерија со капацитет од 40 kW/h. Другите иновации во Leaf се полуавтономниот системи за возење и паркирање.

Електричниот автомобил, кој беше оценет со пет ѕвезди според безбедносните тестови на NCAP, е достапен во 51 земји низ целиот свет. Од 2010 година, кога моделот е на пазарот, од првите две генерации на Leaf се продадени вкупно 350.000 единици.

Поврзани вести

Back to top button