fbpx

Новиот Ford Focus пристигна во салоните

После неколку месеци од премиерата на новиот Ford Focus, автомобилот е конечно достапен за македонската публика

Ми-Да Гранд Моторс, увозник за Ford во Македонија го донесе првиот примерок од новиот Focus. Изложен е во нивниот салон во Скопје и достапен за заинтересираните купувачи.

Првиот примерок на Focus доаѓа со 1.0 EcoBoost мотор со моќност од 100 коњски сили со Тренд ниво на опременост.

Бидејќи со новиот Ford Focus имавме можност и одблизу се запознавме во Ница на Европската премиера, сега можеме само да потврдиме дека автомобилот за кој креаторите посветиле многу внимание пристигна кај нас (кликнете овде за да го видите). Доаѓа со карактеристична нова силуета, Ford Co-Pilot360 технологија, приспособливи фарови со вртење на светлата во свиоци. Препознавање на сообраќајните знаци, регулација на снопот за максимална видливост пред пристигнување на обична или кружна раскрсница, Euro 6….

Моделот 1.0 EcoBoost со Тренд ниво на опрема е со цена од 18.400 евра.

 

Поврзани вести

Back to top button