Kia развива plug-in верзии на моделите Ceed, Sportage и Sorento
Kia има намера да ја зголеми понудата на plug-in моделите во својата понуда, со што ќе одговори на строгите стадарди ширум светот. Поточно, во соопштението на Kia стои дека за следната година е закажана промоцијата на plug-in верзија на новиот Ceed, со систем кој ќе го превземе од поголемиот Niro PHEV.
Со други зборови, овој модел на Kia ќе биде придвижен со комбинација помеѓу 1.6 литарскиот бензински мотор со 140 КС и електричен погон со 60 kW моќност, како и капацитет на батерии од 8,4 kWh. Овој PHEV систем најпрво треба да се појави на караванската изведба, па потоа ќе биде вметнат и во другите каросерии.Сето ова е само почеток на хибридната офанзива која ја подготвува Kia. По Ceed, plug-in верзии ќе добијат и моделите Sportage и Sorento.
За сега нивната конфигурација не е позната, но се верува дека PHEV понудата ќе се прошири на сите модели
Од Kia претходно изјавија дека сакаат да ја зголемат продажбата на ваков тим на возила, а целта е да се продаваат околу 30% со што ќе ги задоволат идните стандарди. Во оваа офанзива влегуваат и оделите Soul и Niro кои во брзо време беа претставиени и во потпоно електрични верзии со капацитет на батерии од 34 и 60 kWh.
Исто така, од Kia се очекува и да понудат модел кој ќе ја има истата технологија на Hyundai Nexo, односно погонот да користи горивни ќелии.