Ова е новиот Bentley Continental GT
Bentley ги објави првите официјални информации, фотографии и видеа за новата генерација на својот натприроден Continental GT
Bentley ги објави првите официјални информации, фотографии и видеа за новата генерација на својот натприроден Continental GT, што треба да го видиме за прв пат на меѓународниот саем во Франкфурт следниот месец.
Одржувајќи ја основната визија, но ставајќи ја во целосно нова верзија, Bentley Continental GT ветува дека ќе постави нови стандарди во својот сегмент, како во однос на луксузот, така и во технологијата и динамиката. Во внатрешноста на автомобилот доминираат природни материјали и рачно изработени, а главен фокус е целосно новиот дизајн на 12,3-инчен ротирачки централен информативен екран.
Bentley Continental GT доаѓа со надграден шест литарски, V-облик, 12-цилиндричен мотор кој генерира максимална моќност од 635 коњски сили и максимален вртежен момент од 900 Nm. Агрегатот е во комбинација со роботизирана кутија со осум брзини, а тоа допринесува автомобилот да забрза од 0 до 100 km/h за 3,7 секунди и да развие максимална брзина од 333 km/h.