Јапонија го уапси шефот на Renaut-Nissan алијансата
Шефот на Renault-Nissan, Карлос Гон, беше уапсен во Токио
Nissan го обвини својот поранешен извршен директор за злоупотреба на положбата, вклучувајќи го и користењето на средствата на компанијата за лична корист, објави The Financial Times. Одборот на директори на вонреден состанок ќе препорача Гон, креаторот на сојузот Renaut-Nissan, да биде разрешен од претседател на надзорниот одбор на компанијата.
Гон е осомничен за кршење на финансиското законодавство на Јапонија и за прикривање на вистинскиот износ на компензација во форма на акции што ги добил од Nissan.
Се верува дека во истото обвинение одговорен е и Грег Кели. Скриената компензација изнесува вкупно околу 44 милиони долари во период од пет години. Истрагата трае неколку месеци откако еден внатрешен информатор откри за можна злоупотреба.
„Во однос на Гон, откриени се и значајни други неправилности, како што се користењето на средствата на компанијата за лична корист и длабоката вмешаност на Кели е потврдена“, се вели во соопштението на Nissan.
Компанијата уверува дека целосно соработува со истрагата. Гон го напушти местото на извршен директор на Nissan пред две години, но останува на врвот на другите два гиганти во алијансата – како извршен директор на Renault и претседател на одборот на Mitsubishi Motors. Тој е на чело на воспоставената заедничка структура. Акциите на Renault изгубија 13% од својата вредност утрото по веста. Акциите на Nissan паднаа за 10% на берзата во Франкфурт.