Криза за механичари за електрични автомобили
Во најскоро време автомобилската индустрија или попрецизно електричните возила ќе почувствуваат акутен недостаток на квалификувани кадри, кои треба да ги сервисираат овие автомобили
Ова е заклучокот од истражувањето спроведено во Велика Британија, што покажало дека само 3% од механичарите кои работат во сервисите, се квалификувани да работат на електричните возила. Кај инженерите ситуацијата не е толку драматична, но таму исто така се очекува недостаток.
Се претпоставува дека ситуацијата е слична и во повеќето земји во Западна Европа и Северна Америка, а за Источна Европа се уште нема податоци. Сепак, за нашиот дел на континентот неодамна се појави информација од претставништва на големи автомобилски компании како Renault и Volkswagen, кои најавија дека редовно спроведуваат обука и курсеви за својот технички персонал.
Истражувањето во Велика Британија покажа дека главниот град Лондон е единствениот град кој одговара на барањата за целосна употреба на голем број електрични возила, бидејќи инфраструктурата за полнење и сервисирање е во доволен број.