Новиот Bentley Continental GT Convertible
Bentley ги откри првите детали за новата генерација на Continental GT Convertible што доаѓа со сериозно ревидиран екстериер, голем број на нови предлози за персонализација на ентериерот и импресивен преклопен покрив
Од Bentley велат дека третата генерација на Continental GT Convertible собрала во себе се најдобро што компанијата може да понуди во моментот, што е и вообичаеното за легендарната марка која внимава на деталите и изработката. Најпрепознатливиот дел на новото Bentley Continental GT Convertible е неговиот таван, кој е во состојба да биде склопен/превиткан за 19 секунди, дури и при движење со брзина од 50 km/h.
Новото Bentley Continental GT Convertible доаѓа со погон во W-облик, 12-цилиндричен агрегат со максимална моќност од 635 коњски сили, кој е во комбинација со осумстепена роботизарана кутија за пренос. И покрај импресивните димензии, луксузниот автомобил е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 3.8 секунди и да развие максимална брзина на движење од 333 km/h.